Битиќи: Преку Законот за финансиската поддршка на инвестициите од 2018 до 2022 година

Bez autora
Aug 10 2023

Партнерскиот и инклузивен пристап во креирањето и спроведувањето на економските политики на Владата дава резултати преку Законост за финансиската поддршка на инвестициите, и тоа од неговото воведување, односно во периодот од 2018 до 2022 година, со околу 57 милиони евра, поддржа 630 компании, кои инвестираа над 340 милиони евра.

Довербата на деловните субјекти во институциите и нашите економски политики од година на година се зголемува, бројот на потпишани договори за финансиска поддршка на компаниите континуирано расте, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Од стапувањето во сила на законот во 2018 година, заклучно со минатата година, беа потпишани вкупно 630 договори за финансиска поддршка. А годинава се пристигнати рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, од кои одобрени или новопотпишани договори за оваа година имаме 289 договори за финансиска поддршка на планирани инвестициски циклуси на компаниите од 366 милиони евра, кои ќе креираат нови конкурентни работни места. Со ова портфолиото на договори за финансиска поддршка на инвестиците се зголемува на 919 договори.

Ова зборува дека Владата на Република Северна Македонија преку поттикнувачки и конзистентни политики и мерки успешно создава деловен амбиент, кој е стабилен, предвидлив и стимулативен за компаниите“, се наведува во соопштението на вицепремиерот Битиќи.

„Ако во 2018 година имавме 73 компании што реализираа инвестиции во вредност од речиси 29 милиони евра, во 2022 година по основ на овој закон имаме инвестиции на 410 компании во вредност од речиси 101 милион евра. Освен што не прави разлика помеѓу странски и домашни компании, Владата партнерски и постојано ги поддржува компаниите во нивните инвестициски циклуси. Во 2018 година исплатената поддршка изнесуваше 3 милиони и 120 илјади евра, во 2022 година таа се зголеми на рекордни 23 милиони евра.

Само како резултат на довербата на бизнис-заедницата кон мерките содржани во законот и објективниот, транспарентен начин на нивно спроведување во изминатите пет години во нашата економија е реализиран вкупен инвестициски циклус од 340 милиони евра, а за кој е исплатена вкупна финансиска поддршка од 57 милиони евра.

Имаме инвестициски бран во реалниот сектор на нашата економија, кој расте, се зголемува, кој ја развива конкурентноста преку воведување нови производствени процеси, усвојување нови технологии и освојување нови пазари создавајќи нови и добро платени работни места за нашите граѓани. Само во ново одобрените 294 договори за финансиска поддршка на компаниите, кои годинава аплицираа, содржани се проекции за отворање нови 4.439 работни места и реализација на дополнителни 366 милиони евра инвестиции до крајот на планираните инвестициски циклуси.

Рекордниот број апликации се резултат на нашите политики и на зголемената доверба на компаниите, кои препознаваат партнер во Владата на Реублика Северна Македонија“, се додава во соопштението на вицепремиерот за економски прашања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik